Мирисање оригами

Голо тело

Почнувам да чувствувам вистинска одбивност кон жени со голи фотографии. Додека порано, да речеме, до некаде ме фасцинирала таа храброст и слобода која ја уживаме за бестрашно гордо разголување и славење на женското тело и облини, денес ми се повраќа.

Зашто слободата ја силуваме, ја напнуваме и не знам ни зошто го правиме тоа. За пари секако, затоа што медиумите и рекламите ни ја всадија култната мисла дека „Сексот продава“, за моќ (каква побогу, и онака доминираме во сексуалните фантазии на машкиот пол), внимание можеби (кога ќе ни биде доволно, кога навистина ќе ни прекисне од внимание)?

Зошто не докажуваме други работи, зошто упорно пркосиме со соблекување, сакам да ми објасни некој.

Голо тело

Порано можеби беше интригантно и револуционерно, денес нецензурираното разголување до гола кожа е под дното, вистински простачки и вулгарен чин.

Го гледам насекаде, во списанија, рекламни кампањи, сајтови, филмови, спотови и драми, аууууу, ги покажа градите, навистина голем подвиг.

Не знам и на машките како не им здосади, иако тврдат дека би сакале да гледаат голи жени како парадираат на потпетици на сред улица. Сметам дека тоа го изјавуваат механички, за да не им биде ставена машкоста под прашалник, а во принцип и нивниот дигестивен систем е ставен на сериозен тест. Никој не може да ме убеди дека последниот настап на Мајли беше секси, предизвикувачки или убав за око. Беше грдо, одвратно и трауматско искуство за обата пола.

Не сум пуританка, ниту најмалку.

Сакам да видам жена закопчана до грло која ќе успее да возбуди маж, да предизвика нечиј интерес, да биде пренатрупана со покани за кафе, затоа што умее да стимулира со интелектуални разговори, да не се кикоти како простакуша, да не сее разголени фотографии од себе и потајно да си се воодушевува на 100-те лајкови и коментари како – Маче палиш и жариш!, Грееш, Газиш, Грмиш!

Најака (со испуштено двојно ј), Цуца, Маца, Цица!

Слободата која ни е овозможена да се разголуваме кога сакаме и каде сакаме не ни ја дадоа за претворање во најобично парче месо ставено на продажба.

На последната семејна веселба на која присуствував, една од присутните сериозно и прилично буквално си го сфатила поимот little black dress. Всушност, го трансформирала во extra little.

Добро е, сфативме, згодна си, млада (дискутабилно, но нејсе) и верувај дека не си лечиме комплекси, ниту ти љубомориме.

Недај Боже да им се пререче некој коментар на овие евтини... девојчишта.

Веднаш добиваш сериозни контра-аргументи:

  • Млада сум, ми се може.
  • Ако не сега, кога?
  • А што, ти љубоморна си зашто сум толку јака?

Признавам, навистина сме. Не можеме да спиеме од мака поради фактот што единствениот начин да предизвикате нечие внимание е со покажување голи полумесечини или со градите на послужавник. После дотичната кука и плаче зашто не ја сфаќале сериозно.

Сериозно размислете, која паметна, разумна и респектабилна женска особа со доволно ум и самодоверба има толкава желба и потреба за толку вулгарно разголување?

За крај, продолжете да живеете во земјата скроена во вашите фантазии, каде што асфалтот грми од вашите чекори, а сите останати горчливо позеленуваме, поради тоа што предметот на нашата љубомора е вашето вулгарно разголено и визуелно експлоатирано тело, кој патем, е највредниот капитал кој го поседувате. Што е прилично бедно и тажно.

Јас лично барам само малку усул. Се чувствувам незгодно кога можам да ти ја видам задницата и дундата и ми доаѓа да посегнам по пари за услугата, или барем да донирам нешто ситно да докупиш парче материјал и да ја продолжиш туниката, блузата или чудото што за тебе претставува фустан.

Автор: Трендафилка
Дупла скорпија, со две зелени очишта и коса чија боја варира според расположението и временските непогоди.
Мразам луѓе кои доцнат, немиени мрсни коси и турски сапуници.
Добрите книги ги грицкам со глад и не ги зајмувам никому.
Вљубена до ножните прсти.
Неправедно доживувана како разгалено дете единче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.