Почетна » Здравје » Алтернативна медицина » Природата против досадниот херпес на устата

Природата против досадниот херпес на устата

Лук и масло од лимон
Лукот и маслото од лимон помагаат против досадниот херпес на устата.

Херпесот е вирус кој не исчезнува од организмот. Ако еднаш сте имале непријатни, болни, мали меурчиња полни со течност на усните, тогаш голема е веројатноста повторно да го имате тој проблем. Повторната појава на херпес на устата може да настане од покачена телесна температура, емотивен стрес, прекумерно изложување на сонце, траума на усните и др.

Различните производи од аптеките помагаат во лекувањето на херпесот на устата. Но, ако сакате да се обидете со нешто природно ние ви предлагаме две решенија.

  1. Пресечете едно лукче на половина и со него премачкајте го херпесот. Повторувајте го тоа неколку пати во денот. Не е препорачливо да го лекувате херпесот на овој начин пред излегување.
  2. Растворете 10 капки масло од лимон во 150ml вода. Со таа течност правете си облоги на херпесот неколку пати во текот на денот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.