Трагате по забавни идеи за да ги направите празничните трпези повпечатливи? Во продолжение ќе пронајдете едноставни и брзи закуски на кои никој нема да може да им одолее.
„Лалиња“ полнети со крем сирење
Чери-доматите пресечете ги како на фотографијата и извадете им ја внатрешноста. Наполнете ги со смеса од крем сирење, рендана краставица и зачини по избор. Искористете млад кромид за да ги комплетирате лалињата.
Солени гнезда од компир
Потребни состојки:
- 3 големи компири
- сол
- црн бибер
- 1 лажичка маслиново масло
- 2 лажички магдонос
- 1/2 шолја крем сирење (обично или зачинето)
- 6 варени јајца
- чери-домати
- копар
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200°С.
- Изрендајте ги компирите и измешајте ги со сол, бибер, маслиновото масло и исецканиот магдонос.
- Во премачкана тава за мафини, ставете од смесата со компир и оформете гнезда.
- Печете околу 15 минути, односно додека да станат златни. Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да оладат.
- Исечете ги варените јајца на ленти.
- Во секое гнездо ставете малку крем сирење и декорирајте со лентите јајце, чери-домат и копар.
- За посилен впечаток, можете да ги премачкате јајцата со мешавина од маслиново масло, сол, бибер, магдонос и копар.
Слатки цветови
Искористете грицки (пример солени переци) како основа на слатките цветови. Растопете чоколадо и користете го како лепило за да ги прицврстите бонбоните.
Торта „зајаче“
Еве како лесно да ја оформите во зајаче омилената торта:
Кокосови гнезда
- 4 белки од јајца
- 1 голема лажица шеќер
- 400 грама кокос
- бело чоколадо
- прстофат сол
- мини декоративни јајца
Потребни состојки:
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 150°С и премачкајте ја тавата за мафини со малку масло или путер.
- Во длабок сад лесно изматете ги белките со шеќерот и солта. Додајте го кокосот и промешајте со вилушка.
- Нанесете од смесата во секоја вдлабнатинка на тавата и притиснете во центарот за да оформите гнездо.
- Печете околу 30 минути, односно да започнат гнездата да добиваат златна боја. Доколку прерано започнат да потемнуваат, прекријте ги одгоре со алуминиумска фолија, но притоа оставете доволно простор за да „дишат“.
- Откако ќе ги извадите од рерната, оставете ги да се оладат околу 10-тина минути.
- Стопете го белото чоколадо и нанесете во секое гнездо, а потоа веднаш наредете 2-3 јајца.
Ежиња од варени јајца
Колоритни полнети јајца
Варените јајца пресечете ги на половина. Белките обојте ги со прехрамбени бои или на природен начин со течност од цвекло во тегла. Жолчките измешајте ги со мајонез и зачинете по вкус.