Барате лесни и едноставни идеи за празнични декорации со кои ќе можете да го забавувате вашето малечко дома?
Ви подготвивме неколку предлози кои можете да ги направите заедно со вашето дете, или пак, да му дозволите тоа да ги направи целосно само, се разбира со ваш надзор.
Рециклирајте ги картонските ролни од тоалетната хартија, документирајте го растењето на рачињата и ноџињата на вашето дете секоја Нова година и пренаменете дел од вашите „алати“ за готвење... Украсите не мора да бидат совршени на изглед, важно е вашето дете да биде задоволно со резултатот.
Документирајте го растењето на вашето дете секоја Нова година
Со помош на отпечатокот од рачето или ноџето на вашето малечко можете да направите интересни честитки или слики со кои ќе го украсите домот, но и ќе документирате колку брзо расте вашето дете. Нека ви стане ова традиција.