Годината која доаѓа ќе им донесе 7 продолжени викенди на сите граѓани во нашата држава.
Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови за 2019 година. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:
(Кликнете на сликата за да ја видите во зголемена верзија)
За сите граѓани на РМ:
- 1 јануари (вторник), Нова Година,
- 07 јануари (понеделник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
- 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 1 мај (среда), Ден на трудот,
- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
- 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
- 2 август (петок), Ден на Републиката,
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
- 23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
- 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божиќ,
- 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
- 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
- 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари (недела), Свети Сава.
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.