Почетна » Забава » Слободно време » Време е за маскенбал: Идеи за ефектни маски

Време е за маскенбал: Идеи за ефектни маски

Први април, Денот на шегата и смеата, е повод за многу забавни активности. На овој ден лажењето е дозволено и проследено со зборовите „априли-ли-ли“, безопасните шеги шират „заразни“ насмевки, а маскирањето креира незаборавни мигови.

Сè уште немате идеја како да се маскирате за утрешните забави? Во продолжение ќе пронајдете маски кои нема да ви одземат премногу време, нема да си поиграат со вашите нерви и нема да ви го испразнат паричникот. Разбудете ја креативноста и трансформирајте се до непрепознатливост.

Црно-бело

Постигнувањето на црно-белата шминка не е толку едноставно, но остава силен впечаток и е мошне несекојдневно.

Маски

Поп арт

Маски

Таинствена убавица од 20-тите

Маски Маски

Порцеланска девојка

Маски

Морничаво „лице во лице“

Збунете ги пријателите на морничав начин со необично цртање на лице на вашето лице.

Маски

Одри Хепберн во „Breakfast at Tiffany's“

Многумина кога ќе помислат на легендарната Одри Хепберн, всушност си замислуваат сцени и фотографии од филмот „Breakfast at Tiffany's“ во кој убавата актерка го портретира ликот Холи Голајтли.

Елегантниот изглед на Одри ќе го постигнете со црн фустан, бисери, долги ракавици, блескава дијадема и префинета фризура.

Маски

Шминка „Скелита Калаверас“

Маски

Мери Попинс

Најпрославената дадилка на сите времиња е прекрасен избор за сите оние кои подзаборавиле дека претстојат маскенбалски забави. Трите клучни елементи на кои треба да се фокусирате се – препознатливата шапка на Мери Попинс, која задолжително треба да вклучува цветни додатоци, голема платнена патна торба и црн чадор.

Остатокот може да варира во зависност од гардеробата која ја поседувате – долго здолниште во сива, црна или темнозелена боја, бела кошула или сако по избор и неизбежната црвена машничка на вратот. Шминката треба да е минимална, односно да се насочите кон природен изглед, а косата едноставна и уредно собрана.

Маски

Пин ап девојка

Инспирацијата за оваа маска е ретро девојка која има перфектни локни и шминка доведена до совршенство, чиј задолжителен додаток е шминката „мачкини очи“. Парчињата облека со точкест дезен се вистинскиот избор, како и кусите марами околу вратот. Истакнете ја вашата половина со ремен во весела и впечатлива боја. Поиграјте си со модните додатоци на вашите мајки и баби и направете смел избор со вметнување на бисери, брошеви и обетки на штипка.

Куси ракавици од чипка или тантела се совршен додаток со кој би се истакнале на забавата. Очила „мачкини очи“ се исто така дозволени за оваа префинета и женствена маска.

Маски

Откачена кралица од 80-тите

Маскирањето во девојка од 80-тите години на минатиот век обединува забава и креативност. Хеланки во неонски нијанси и термо грејачи за нозете претставуваат одличен избор, како и широки маици со натписи. Имиџот може да се надополни со шарен пластичен накит и натапирана коса која се одликува со многу волумен. Не плашете се да си поиграте со боите и шминката, која треба да биде нагласена и впечатлива. Дел од косата може да се истакне со прамени обоени во различни бои. Можете да искористите стари фармерки со висок струк, кошули и сакоа со широки раменици и потполнки. Ова е забавна и впечатлива маска која никого нема да го остави рамнодушен.

Маски

We Can Do It!

Препознатливиот постер „We Can Do It!“ со Џералдин Хоф Дојл може да ви послужи како инспирација за брзо маскирање. Едноставно е потребно во плакарот да пронајдете фармерска или сина кошула и црвена марама со бели точки.

Маски Маски

Хорор-невеста

Пронајдете стар бел фустан кој потсетува на венчаница и поиграјте си со драматична шминка за да изгледа како да сте станале од мртвите.

Маски

„Црниот лебед“

Маски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.