Сигурно ви се случило да скршите велигденско јајце, а неговата белка да е бојадисана до степен да не ви се става во уста.
Постојат природни начини за да ги бојадисате јајцата за Велигден, а голем дел од намирниците кои се користат притоа, веќе се наоѓаат во вашата кујна.
Сте знаеле ли дека лушпата од кромид, куркумата, црвената зелка и цвеклото се идеални за добивање на природна боја? Еве како:
Видеа
Доколку имате мали деца, направете им велигденски јајца кои не содржат штетни состојки. Можеби боите нема да бидат толку силни како кога користите хемикалии, но секогаш можете да декорирате со забавни лепенки.
Природно бојадисување на сини јајца
- Сварете ги јајцата.
- Варете ја зелката во 5 чаши вода околу 30-45 минути.
- Во добиената обоена течност додајте 4 лажички бел оцет.
- Ставете ги јајцата во природно добиената боја и оставете ги да стојат до добивање на посакуваната нијанса. Колку подолго стојат во течноста, толку поинтензивна станува бојата.
За да добиете омбре ефект на јајцата, вадете ги постепено. Неколку оставете да стојат во бојата само еден час, неколку два часа, неколку три часа итн.
Истата постапка важи и за бојадисување во други бои. Изберете цвекло за розово-црвенкасти, лушпи од кромид за кафеаво-портокалови, куркума за жолти, спанаќ за светли жолто-зелени, кафе за светло кафеави и сл.
Сакате да ги декорирате јајцата со цветови и лисја? Следете ги стапките од овие видеа:
Совет: Користете јајца со бела лушпа.