Почетна » Забава » Слободно време » 12 совети како да бидете посреќни за време на факултетските денови

12 совети како да бидете посреќни за време на факултетските денови

Почетокот на студиите е вистинска пресвртница во сечиј млад живот. Полнолетството со себе носи голема слобода, но и големи одговорности. Младите луѓе сè почесто се одлучуваат да студираат во друг град или држава и притоа се соочуваат не само со предизвици при стекнувањето знаења и вештини за идната професија, туку и со нови правила и нови луѓе при прилагодувањето на животот во нова средина.

Студиите се забавно и незаборавно животно искуство кое ќе го паметите цел живот. Еве некои насоки кои ќе ви помогнат да си ги разубавите студентските денови и да бидете посреќни:

Студент
  1. Не се споредувајте со другите. Честопати студентите се споредуваат еден со друг за различни нешта, на пример за добиените бодови на испитите, за академските постигнувања, за популарноста, за изгледот... Иако е добро да имате натпреварувачки дух, споредбите со другите можат да ви наштетат, правејќи ве незадоволни и несреќни. Резултатот од споредбите никогаш не е среќа. Насочете се кон она што вие сакате да го постигнете како индивидуа, без да се грижите за постигнувањата на другите.
  2. Имајте „слатки“ планови кои ќе ви помагаат да го издржите напорниот период на учење. Сонувајте за забавни активности откако ќе завршите со учењето. На пример, ветете си себеси дека ќе го посетите омилениот ресторан, дека по полагањето на испитот ќе се наградите со ново фустанче или дека ќе отпатувате на место кое отсекогаш сте сакале да го посетите.
  3. Дружете се со позитивни личности и редовно разговарајте со пријателите. Новата средина неизбежно ќе ви донесе и нови пријатели. Мудро изберете ги оние коишто ќе знаат да ве насмеат и разведрат и со коишто ги споделувате истите размислувања, интереси, хобија... Не дозволувајте учењето да ви го украде времето за квалитетни разговори и дружби со пријателите. Одморете го вашиот ум со активности кои не се поврзани со студиите и ќе бидете многу посмирени, порелаксирани и посреќни.
  4. Студент
  5. Зачекорете надвор од вашата комфорна зона. Преземајте здрави „ризици“ кои ќе ви овозможат да се оттргнете од она што секојдневно го правите и да ја искористите креативната енергија. Пробајте нешта кои никогаш досега не сте ги пробале. Целта на студирањето е слушање и развивање нови идеи. Можеби ќе откриете кај себе некој талент за кој не сте знаеле дека го имате.
  6. ...Но, ако сте изморени, останете во вашата удобна зона. Клучот е во балансот. Понекогаш, сите имаме потреба од добар одмор по учењето. Ако немате доволно енергија за дружење и дополнителни активности, искористете го слободното време за гледање филмови, слушање музика или пишување во вашиот дневник.
  7. Научете да велите „Не“. Имајте јасни граници што може, а што не може. Дајте им до знаење на луѓето околу вас дека доволно се почитувате себеси, како и вашето време, и дека и тие треба да го направат истото. Ако некој си дава право да бара нешто од вас, вие можете да си дадете право да го одбиете.
  8. Вежбајте. Многу студии покажуваат дека физичката активност придонесува за лачење на „среќни хормони“, кои ни го подобруваат расположението и ни помагаат да си го намалиме стресот. Почесто пешачете, вежбајте во најблиската теретана или трчајте во парк. Сигурно ќе се чувствувате поубаво по завршувањето на физичката активност.
  9. Студент
  10. Одделете си време за хоби. Пронајдете активност којашто ќе ја правите со уживање, која ќе ви овозможи да се дружите со луѓе со слични интереси како вашите и која ќе ви ги оддалечи мислите од учењето.
  11. Бидете свои. Не се трудете да импресионирате никого, сакајте се себеси онакви какви што сте и не се прикажувајте во лажно светло за да се вклопите во некое друштво. Кога ќе се покажете пред светот онакви какви што сте, ќе привлечете личности кои се слични на вас и ќе создадете пријателства што ќе траат цел живот. Што е најважно, ќе бидете многу поопуштени и повеќе ќе се забавувате ако не се обидувате постојано да изгледате на одреден начин.
  12. Студент
  13. Учете од грешките. Сите луѓе прават грешки. Наместо да очајувате кога ќе погрешите, обидете се да си ја научите лекцијата и да продолжите понатаму со поголема мудрост.
  14. Овозможете си квалитетен сон. Иако студирањето и спиењето не одат баш рака под рака, квалитетниот сон го одржува вашето физичко и ментално здравје, давајќи ви енергија за да можете да се справите со секојдневните предизвици.
  15. Очекувајте убави нешта од животот и тие наскоро навистина ќе ви се случат. Бидете оптимист, очекувајте успех наместо неуспех, не се откажувајте пред пречките и верувајте во вашите вештини. Позитивниот начин на размислување несомнено ќе ве направи посреќни.

Животот не се учи од книга, иако читајќи можеме да стекнеме големо знаење. Студентските денови се ново неоткриено поглавје во вашиот живот. Зграпчете ги сите мотивирачки моменти за во иднина да станете личност со која ќе се гордее вашето семејство и општеството, а вие ќе бидете задоволни од себе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.