Почетна » Забава » Слободно време » 10 филма кои се идеални за гледање на Денот на вљубените

10 филма кои се идеални за гледање на Денот на вљубените

Планирате да останете дома со саканиот на Денот на вљубените или пак сакате да се релаксирате сами на каучот?

Гледањето романтичен филм е идеален начин за да ја прославите љубовта без разлика дали сте во врска или сте сингл овој 14 февруари. Точно е дека голем е изборот на најдобрите филмови за Свети Валентин, па затоа ви подготвивме листа со која нема да погрешите.

Еве кои филмови ќе ви ја покажат моќта на љубовта и вреди да ги гледате денес:

Денот на вљубените

„We Live in Time“

Филмот ја следи врската на еден пар (Ендрју Гарфилд и Флоренс Пју) во текот на една декада – заљубување, стапување во брак, добивање дете и соочување со сериозен предизвик кој ќе им го промени животот.

„The Age of Adaline“

Млада жена (Блејк Лајвли) престанува да старее на 29-годишна возраст по сообраќајна несреќа и мора да го менува својот идентитет за да ја зачува својата тајна. Децении подоцна се среќава со старата љубов (Харисон Форд)...

„Notting Hill“

Вилијам Такер (Хју Грант) е сопственик на книжарница и е разведен од сопругата која го напушти за друг маж. Еден ден, славната холивудска актерка Ана Скот (Џулија Робертс) купува книга од книжарницата и се вљубува во него. Но, папараците ќе ја уништат нивната романса...

„Perfect Sense“

Кувар (Иан Мекгрегор) и епидемиолог (Ева Грин) се вљубуваат еден во друг пред да започне епидемија која им ги уништува сетилата на луѓето.

„The Notebook“

Ако досега не сте го гледале филмот снимен според романот на Николас Спаркс, овој Ден на вљубените е идеален за да го направите тоа. Во него, Ноа (Рајан Гослинг) и Ели (Рејчел Мекадамс) се млад заљубен пар чија врска не е одобрувана од нејзините родители и подоцна ќе бидат разделени. Нивната приказна е читана од тетратка од страна на повозрасен човек (Ноа) за жена (Ели) со деменција која е сместена во старски дом.

„Pride & Prejudice“

Господинот Дарси (Метју Макфадјен) се вљубува во Елизабет Бенет (Кира Најтли), која е паметна, духовита и разумна личност. Но, неговата грубост предизвикува предрасуди кај него. Колку повеќе се запознаваат, толку нивните односи се затоплуваат и таа го прифаќа неговиот предлог за брак.

„Valentine's Day“

Романтичната комедија раскажува различни љубовни приказни кои се случуваат на Свети Валентин. Во неа, парови од Лос Анџелес раскинуваат или се смируваат под влијание на притисоците и очекувањата кои ги носи Денот на вљубените.

Трилогијата „Before Sunrise“, „Before Sunset“ и „Before Midnight“

Снимани на интервал од девет години, овие три филма ја следат романтичната врска меѓу Џеси (Итан Хоук) и Селин (Џули Делпи), кои се запознаваат во воз додека патуваат низ Европа и решаваат да слезат во Виена и да поминат еден ден заедно. Тие се вљубуваат еден во друг, но се разделуваат, согласувајќи се да се сретнат некогаш повторно. Тоа се случува по девет години, кога Џеси ќе биде оженет татко...

„One Day“

Откако ќе поминат една ноќ заедно, Декстер (Џим Старџис) и Ема (Ен Хетавеј) решаваат да бидат само пријатели. Тие ќе се среќаваат секоја година на истиот датум (15 јули), но нивното платонско пријателство по години ќе премине во љубовна романса.

„P.S. I Love You“

Млада вдовица (Хилари Свонк) открива дека сопругот (Џерард Батлер) пред смртта ѝ оставил 10 охрабрувачки пораки за да ѝ помогне да ја надмине болката и да започне нов живот. Секоја од нив завршува со „П.С. Те сакам“. Тие ѝ помагаат да се откаже од стравот повторно да го отвори срцето за нова љубов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.