Почетна » Забава » Видео » Хумористично видео: Правилата според кои живеат малите деца

Хумористично видео: Правилата според кои живеат малите деца

Блогерката Естер Андерсон во своите видеа го доловува животот со мало дете. Овој пат креативната мајка сними хумористично видео за правилата според кои живеат малите деца и по кои треба да се раководи секој родител, зашто како што пишува таа „децата не доаѓаат со упатство за употреба“.

Естер го сними видеото со својата ќеркичка, инспирирајќи се од нејзините палавости.

Правило бр.1: Фломастерите никогаш не завршуваат на хартија.

Правило бр.2: Ако не знаеш каков звук испушта одредено животно... измисли го.

Правило бр.3: Ако дете ти подава телефон, се јавуваш.

Правило бр.4: Пази што зборуваш.

Правило бр.5: Секогаш те прават лажго.

Правило бр.6: Ако ја сакаат храната едниот ден... ќе ја мразат следниот ден.

Правило бр.7: Ако се тивки... имаат намислено нешто.

Погледнете го забавното видео на Андерсон, која неодамна сподели дека е бремена и дека повторно носи девојче.

Toddlers don't come with an instruction manual so we collaborated with Munchkin and came up with a helpful list of toddler rules for you all. Enjoy!

Posted by Story of This Life on Wednesday, November 18, 2015

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.