Почетна » Забава » Видео » Хумористично видео: Кога родителите би биле секогаш искрени со децата

Хумористично видео: Кога родителите би биле секогаш искрени со децата

Блогерката Естер Андерсон продолжува да ги забавува мајките и татковците со своите видеа.

Во најновиот видеозапис, насловен „Ако родителите беа брутално искрени“, таа и нејзиниот сопруг искрено одговараат на секое прашање на нивната ќеркичка.

Естер ѝ признава на ќерка си дека грашокот е одвратен, дека со сопругот излегуваат за да можат да поминат време подалеку од неа, а таткото ѝ ѝ кажува дека нејзиниот сон да биде докторка нема да се оствари, бидејќи студиите се прескапи.

Крајот несомнено ќе ве насмее, бидејќи родителите треба да одговорат на прашањето на девојчето: „Од каде доаѓаат бебињата?“.

Во описот на видеото на Facebook, кое досега има над 700.000 прегледувања, Естер напиша: „Постои причина поради која не сме секогаш 100% искрени со нашите деца“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.