Џими Кимел ја продолжува традицијата. Славниот водител и оваа година им постави предизвик на родителите да ги излажат своите деца дека им ги излезе бонбоните кои ги собирале за Ноќта на вештерките и да ги снимат нивните реакции.
Солзи, бес, па дури и по некоја тупаница и клоца, некои деца реагираат бурно, додека останатите им опростуваат на своите мајка и татко што им ги изеле слатките задоволства.
И Кимел и Ченинг Тејтум се вклучија во предизвикот. Погледнете ги реакциите на нивните ќеркички: