Почетна » Забава » Видео » „Ти благодарам што ми даваш сè што имаш да дадеш“: Емотивно видео за мајките на болни деца

„Ти благодарам што ми даваш сè што имаш да дадеш“: Емотивно видео за мајките на болни деца

Мајките кои секојдневно се грижат за своите болни деца заслужуваат огромна почит и признанија. Нема ништо потешко од тоа да го гледаш своето малечко врзано за болничкиот кревет, поврзано на апарати или во операционата сала.

Токму поради тоа, Детската болница „Mercy“ сними емотивно видео за да им се заблагодари на жените-лавици кои бдеат над нивните мали пациенти.

„До силните мајки кои даваат сè, секој ден. Ви благодариме“ – пишува на крајот.

Видео

До: Мама

Кога ме доведе на овој свет, не знаеше дека ќе треба да се бориш за да ме задржиш во него. Кога ме одведе дома од болницата, не можеше ни да си замислиш уште колку болнички посети ќе има. Кога прашањата започна да се трупаат, никогаш не престана да бараш одговори. Кога иднината беше неизвесна, ти беше стабилна и сигурна. Ти беше силна.

Дури и на твојот ден, знам дека последната личност на којашто помислуваш си ТИ.

Ти благодарам што ми даваш сè што имаш да дадеш.

Засекогаш.

Видеото било снимено по повод Денот на мајката, кој оваа година се одбележуваше на 13 мај.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.