Почетна » Забава » Видео » Суров предлог за брак: Маж глуми дека е повреден, па ја запросува саканата која е медицинска сестра

Суров предлог за брак: Маж глуми дека е повреден, па ја запросува саканата која е медицинска сестра

Маж на суров начин ѝ го постави судбоносното прашање на својата сакана и предизвика разни реакции.

Тој се преправаше дека е тешко повреден и со помош на медицински тим беше пренесен до болницата во која работи неговата девојка.

Во видеото, загрижената медицинска сестра плаче додека нејзиниот сакан лежи на носилката.

„Душо, ти ми си сè. Ти си сè за што се надевав. Ти си првото нешто на кое помислувам наутро. Сакам да знаеш колку многу те сакам и имам едно прашање за тебе: Ќе се омажиш ли за мене?“ – ѝ вели тој, додека станува и клекнува на едно колено пред неа.

Одговорот на изненадената и шокирана девојка секако беше „Да“, но следеа зборовите „Ќе те убиам! Многу ти сум лута. Никогаш повеќе да не ми го правиш ова“.

Како би реагирале вие на ваков предлог?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.