Велат, кучето е најдобриот пријател на човекот, а ова видео ќе ви докаже дека тоа е вистина.
Во него, бездомен маж повторно се среќава со своето изгубено куче, кое не престанува радосно да скока. Антони Роџерс го посвоил кучето Бобо кога тоа било мало, а откако го изгубил, бил скршен од тага.
За среќа, двајцата пријатели се повторно заедно. Погледнете го моментот кога тие се сретнаа по разделба од неколку недели: