Почетна » Забава » Видео » „Само ако слушнам МАМА уште еднаш“: Видео за фразите кои мајките постојано ги повторуваат

„Само ако слушнам МАМА уште еднаш“: Видео за фразите кои мајките постојано ги повторуваат

Естер Андерсон сними ново видео инспирирано од мајчинството. Познатата блогерка со помош на нејзините две ќеркички покажа кои фрази најчесто ги повторуваат мајките во текот на денот.

„Нема повеќе грицки“, „Може ли да добијам САМО 5 минути“, „Ми треба кафе“, „Мама ќе полуди“, „Само ако слушнам ‘МАМА’ уште еднаш“, „Бидејќи јас така реков“, „Оди на спиење“ – се дел од нештата кои слатките девојчиња ги кажуваат во видеозаписот, имитирајќи ја мајка им.

На крајот од видеото, ќеркичките на Естер ѝ велат: „Нема ништо што можеш да го кажеш и ништо што можеш да направиш што ќе ме спречи да те сакам. Бидејќи ние секогаш ќе те сакаме“.

„Утрово ги седнав девојчињата и ги прашав ‘кои нешта мама постојано ги вели’... и го добив ова. Нивната глума и смешкање додека снимавме покажуваат дека тие дефинитивно го имаат видено ова толку многу пати“ – пишува Естер во описот на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20850 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.