Милиони деца низ светот посакуваат играчки, чоколада, облека или сликовници/боенки за претстојните празници. Но, низ светот постојат и деца кои за празниците единствено мечтаат да бидат со нивните семејства.
Рекламите со Дедо Мраз обично зрачат со радост и позитивност, но видео спотот на Црвен крст го прикажува старецот во црвена облека во една трогателна ситуација. Погледнете:
„Секоја година обединуваме стотици семејства кои се разделени поради конфликт, миграција или природна катастрофа“ - порачува Меѓународниот комитет на Црвениот крст.