Баба со смисла за хумор стана интернет сензација откако одлучи да се пошегува со својот сопруг. Таа му направи „трик“ со вода кој го видела на Facebook и ја сними неговата реакција, а видеото како вирус се прошири на социјалните мрежи.
„Го видов ова на Facebook и сакав да го испробам на Томи. Гледајте го и обидете се да не се насмеете“ – напиша Мериета Спенсер на својот профил.
Видеозаписот досега има повеќе од 72 милиони прегледувања и над 1,5 милиони споделувања пред сè поради скапоцената реакција на парот. Погледнете го, гарантирано ќе се расположите: