Почетна » Забава » Видео » Од Зумба до караоке сензација: Позитивното девојче со ретка болест во ново хит видео

Од Зумба до караоке сензација: Позитивното девојче со ретка болест во ново хит видео

Малата Одри Нетери минатата година го „зарази“ светот со својата позитивна енергија за време на зумба настап. Сега, 7-годишното девојче, кое страда од многу редок вид на анемија, освојува срца со ново караоке видео.

Dejando la vida en el karaoke

jajajajaja... Cuando lo das todo en el karaoke!!! :D

Posted by Wolmi Dothis on петок, 11 март 2016

Во видеото, кое е прегледувано 72 милиони пати, енергичната Одри пее и танцува, покажувајќи дека нема да дозволи ништо да ја спречи да го живее максимално своето детство.

Одри е родена со заболување на коскената срж, поради кое телото не ѝ произведува доволно црвени крвни клетки. Поради болеста, таа има поминато низ многу здравствени проблеми во нејзиниот краток живот.

Родителите на Одри објавуваат нејзини видеа за да ја подигнат свеста за болеста на ќерка си и за да соберат средства за истражувања поврзани со неа. „Секогаш кога ќе ја видам како танцува, па дури и на нејзините часови, ми се плаче. Кога танцува, таа е среќна и им носи многу радост на сите кои ја гледаат“ – вели мајката на Одри.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.