Двегодишно детенце ќе ве насмее, а истовремено ќе ве одушеви со совршената имитација на сцена од Силвестер Сталоне во познатиот филм „Rocky“.
Малото момченце изгледа како напамет да го знае целиот филм и кога ќе започне Роки да вежба, тоа веднаш се спушта на подот и почнува да прави склекови, а потоа продолжува и со останатите вежби од сцената.
Таткото на Чарли го сподели видеото на Facebook и досега е прегледувано над 2,5 милиони пати и има 23 илјади допаѓања.
Сталоне, кој пред неколку дена го прослави 70. роденден, не остана рамнодушен на видеото и си го сподели на Instagram. „Ова дете ме прави многу горд што сцената допре до толку младо срце“ – напиша тој во описот.