Девојче насмеа илјадници лица на социјалните мрежи и стана вирален хит непосредно пред празниците. Малата Изабела воопшто не се грижеше кој ја гледа и дали некој ја снима додека танцуваше во црква во Индијана додека сите други деца мирно стојат околу неа.
Видеата од забавната случка ги сподели мајката Лесли, која напиша: „Кога ќе те обземе празничниот дух, само танцувај“. Објавата за само неколку дена има повеќе од 90.000 споделувања.