Македонската божиќна реклама на Телеком стопли илјадници срца. Видеото докажува дека братската љубов нема граници и дека соништата се остваруваат за време на новогодишните и божиќните празници.
Во видеото, момче го наоѓа писмото на помалото братче наменето за Дедо Мраз, во кое стои неговата новогодишна желба: „Драг Дедо Мраз, за Нова година сакам да го гушнам Петко“.
Сакајќи да му ја исполни желбата на братчето, момчето започнува да гради магична кутија за остварување желби. На божиќното утро се случува чудо кое ќе го израдува целото семејство.
„За празниците, соништата се остваруваат. Споделете ја празничната магија со сите оние кои ви го топлат срцето“ – е пораката на крајот од видеото.