Божиќната реклама на BBC ќе ја трогне секоја мајка, а особено самохраните мајки кои работат напорно.
Во видеото се прикажани жена, која се обидува да балансира меѓу семејниот и професионалниот живот, и син, кој сака да ги помине празниците со мајка си.
Времето запира за време на празниците за да им помогне да се потсетат на радоста која ја носат моменти поминати со саканите. „Заедно за време на Божиќ“ – е пораката во видеото.