Анџелика Хејл недискутабилно поседува огромен талент. Само што запеа, 9-годишното девојче ги остави присутните на аудициите на „America’s Got Talent“ со подотворена уста.
Слаткото девојче, кое веќе поседува глас на музичка дива, несомнено ќе ве освои.
Погледнете го настапот на Анџелика, која сподели дека ќе стане поголема сестра, со песната „Rise Up“:
Родителите на Анџелика се отворија за нејзините здравствени проблеми. Кога имала само 4 години, нејзе морало да ѝ биде извршена трансплантација на бубрег. За среќа, мајка ѝ била соодветен донор и операцијата била успешно извршена.