Видео на Џош Палер Лин повторно привлече стотици илјади гледачи. Познатиот шегаџија, кој редовно објавува „социјални експерименти“ на YouTube, наводно разоткрива спонзоруша, која го одбива кога тој изгледа несредено, а потоа ѝ одржува лекција со помош на скап автомобил и со помош на пријател.
Видеото обработува тема која секогаш наидува на огромен интерес онлајн, па не е чудно што за помалку од 24 часа достигна над 300.000 прегледувања.
Иако многу коментари се фокусирани на постапката на девојката, не се малку оние кои уверено го обвинуваат Џош дека станува збор за лоша глума.