Почетна » Забава » Видео » Возбуда на максимум: Роденденско изненадување од син и ќерка за нивната 69-годишна мајка

Возбуда на максимум: Роденденско изненадување од син и ќерка за нивната 69-годишна мајка

Децата се најголемото богатство, а видеото на Бети Мет е доказ за тоа.

Во домашниот видеозапис, Џонатан Мет заедно со сестра си Моник ја изненадува со незаборавен подарок својата мајка, која е огромна обожавателка на Кит Урбан. Џонатан ѝ дава на мајка си лист на кој пишува дека таа добива ВИП влезница за концерт на Урбан, на кој ќе има можност да го запознае и да се фотографира со него зад сцената.

Се разбира, реакцијата на Бети е бесценета.

„Мајка ми, Бети, можеби е најголемиот обожавател на Кит Урбан кој постои. Таа има 69 години и сè уште работи две работи за да ги плаќа сметките. Со сестра ми Моник ја изненадивме со овој подарок. НЕ можевме ни да си замислиме дека ќе добиеме ваква реакција. Таа работи многу напорно и го има најголемото срце на светот“ – пишува Џонатан во описот на видеото со наслов „Нема пари кои можат да ја купат оваа реакција“.

Откако видеото стана хит на социјалните мрежи, а Џонатан и Моник заслужено добија стотици комплименти, Џонатан ја објави и фотографијата од мајка си и Урбан зад сцената. Бети не може да си ја сокрие среќата.

БетиБети и Кит Урбан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.