Елен Деџенерис секогаш знае да препознае талент, а осумгодишната Каја несомнено го поседува. Слаткото девојче гостуваше во шоуто на 58-годишната водителка и настапи со хип-хоп танц на „Hotline Bling“ од Дрејк.
Каја, која ги остави Елен и присутните изненадени од предолгото име и презиме, потекнува од Хаваи и танцува од своите 4 години. Опуштеното девојче сподели и дека кога ќе порасне, сака да танцува за кучиња.