Четири сестри од Филипини отпатуваа во Велика Британија за да го покажат својот талент на „The X Factor“. Женскиот бенд „4th Power“ настапи на музичкото шоу со песната „Show Me How You Burlesque“ од Кристина Агилера и со забавниот настап ја крена публиката на нозе.
Судиите не се воздржуваа во делењето комплименти за девојките. „Не мислам дека сте неверојатни. Мислам дека сте феноменални“ – беше коментарот на Шерил Фернандез-Версини.
Погледнете го и нивниот прв настап на шоуто: