Свадбата би требало да биде специјален настан за младенците, но една невеста заврши со солзи во очите по „пијаниот“ танц на нејзиниот избраник.
Во видеото „Congrats, You Married A Drunk“ (Честитки, се омажи за пијаница), младоженец кој е под дејство на алкохол танцува околу својата сакана пред да се обиде да ѝ ја извади подвезицата со забите. Иако на почетокот ситуацијата делува интересно, набрзо таа се претвора во кошмар за засрамената невеста, која завршува со солзи во очите.
Чудно е што никој од гостите не реагира дури ни откако младоженецот ќе изгуби рамнотежа и ќе падне на подот.
Ќе се согласите дека ова е најлошиот начин да се започне брак.