„Еве зошто треба да посвоите спасено куче. Или две. Или три, или четири“ – пишува Лорен Малон на Facebook, во описот на слатко видео со нејзината ќерка.
Откако во нивниот дом пристигнало посвоеното кученце, на среќата на малото девојче ѝ немало крај. На видеото таа го гушка својот нов, најдобар другар и му пее приспивна песна.