Хевенли Џој ги „украде“ срцата на судиите и публиката на аудициите на „America's Got Talent“ со слатка изведба на песната „In Summer“, која снешкото Олаф ја пее во дизниевиот хит „Frozen“.
Неодоливото девојче изјави дека ако победи на шоуто и ако добие 1 милион долари, нема да ги задржи парите за себе и ќе ги донира за луѓето низ светот кои имаат потреба од помош.
Погледнете го видеото од изведбата на Хевенли, кое досега има речиси 1,5 милиони прегледувања на YouTube.