И возрасните има што да научат од пријателството меѓу Фелипе и Августо.
Во видеото, Фелипе трпеливо му помага на својот пријател Августо, кој има хендикеп, да се качи на лулашка за да можат да ја продолжат својата игра. Снимката е доказ дека душата на најмалите е чиста како солза.
Поради прекрасната лекција која ја содржи во себе, видеото стана вирален хит на социјалните мрежи со 22 милиони прегледи.