Редовно на интернет гледаме видеа со инвентивни предлози за брак кои се случуваат далеку од нас, па редно беше да видиме некој доволно смел Македонец јавно да ѝ го постави големото прашање на својата избраничка.
Романтичарот Александар ја побара раката на својата девојка Еми на Плоштадот Македонија во Скопје. Додека „случајно“ Александар и Еми поминуваа покрај големиот екран на плоштадот, наместо реклама, се појави романтична порака: „Убаво е минатото со тебе во него/ Прекрасна е сегашноста со нас заедно/ А иднината? Не можам да ја замислам без тебе најсакана! Дали сакаш да бидеме заедно до крајот на нашиот живот? Ќе се омажиш ли за мене Еми?“
Еми со солзи на очите ја прифати понудата на Александар.
Честитки до среќниот пар!