Романтичниот гест на заљубен дедо кој ја пречекува својата сакана со букет и топла прегратка на аеродром, ќе ви покаже дека љубовта трае вечно.
Слаткиот момент беше „уловен“ од Крис Пери. Во видеото, кое тој го објави на популарната социјална мрежа Facebook, грижливиот дедо трпеливо ја чека својата најмила која се враќа од патување и ѝ подарува топла прегратка и бакнежи.
Погледнете го видеото кое стана интернет хит и за само два дена е прегледувано над 20 милиони пати и има над 800.000 допаѓања.