Откако ќе ја погледнете рекламата на Samsung Индија, веднаш ќе ви стане јасно зошто го обиколи светот.
Видеото следи девојка која бара од службата на компанијата да го поправат нејзиниот расипан телевизор, но замолува тоа да го направат до 7 часот.
Покрај сите препреки, вработеното момче стигнува во домот на девојката навреме. Кога ќе дознае дека таа е слепа, момчето се прашува за што ли ѝ треба толку итно телевизорот.
Штом ќе заврши со поправката, девојката ги повикува своите слепи пријатели, кои живеат во истиот хостел со неа, за да проследат шоу за музички таленти.
На крајот, се дознава дека слепото девојче кое настапува на телевизија им е пријателка и живее заедно со нив. „Таа е од овој хостел. Таа исто така ми е најдобра пријателка“ – му вели девојката на момчето.
Видеото досега има над 43 милиони прегледувања на YouTube.