Соопштувањето на веста за бременост секогаш оди рака под рака со интересни и неочекувани реакции.
Mладите брачни партнери Алекса и Дру решиле преку игра да им соопштат на родителите на Алекса дека очекуваат бебе.
За играта, родителите носат слушалки на кои е пуштена гласна музика и читајќи од усните, се обидуваат да погодат што им кажуваат Алекса и Дру.
Мајката на Алекса веднаш открива за што станува збор, но нејзиниот татко има потешкотии во дешифрирањето на пораката.
Погледнете го видеото:
Играта е инспирирана од „Whisper Challenge“ на водителот Џими Фелон.