Возбудата на децата кои искусуваат нешто за првпат во животот е секогаш вредна за документирање. Родители ја снимиле реакцијата на својата ќеркичка кога таа за првпат видела како изгледа снег, а видеото стана хит на социјалните мрежи.
Семејството било во автомобил на пат кон својот дом. Кога родителите забележале дека снегулките паѓаат сѐ повеќе и дека снежната прекривка е веќе забележлива на улицата, застанале и му предложиле на малото девојче да излезе и да види што се случува.
Штом девојчето излегло од автомобилот, веднаш започнало да трча наоколу и пресреќно да извикува: „Снег! Снег!“.
Погледнете ја нејзината неодолива возбуда: