Денот на запросувањето го памети секој пар, но Ајсаја Адамс и неговата девојка Грејс дефинитивно нема да го заборават никогаш.
Заљубениот маж сакал да ја запроси својата сакана на романтичен и совршен начин, но за жал, неговиот долго планиран предлог за брак „паднал во вода“.
Имено, Ајсаја ѝ го постави големото прашање на Грејс додека стоеле покрај водопад во Мериленд. Среќната избраничка возбудено одговори „ДА“. Но, додека го вадеше прстенот за да го стави на раката на саканата, му се лизна и падна во водопадот.
„Плачев од среќа, а потоа плачев со страв истовремено. Погледнав нагоре во неговото лице и тој беше шокиран“ – изјавила Грејс.