Малата Одри Нетери, која неколкупати досега нè има освоено со својата позитивна енергија, доби можност да го запознае својот идол, Селена Гомез.
7-годишното девојче, кое страда од многу редок вид на анемија, танцуваше со популарната музичка ѕвезда зад сцената пред нејзиниот концерт. Во видеото, расположеното дуо танцува, а Одри го пее и текстот на хитот на Гомез „Love You Like A Love Song“.
Видео
Дел од видеото Селена објави и на својот профил на Instagram и за 5 часа доби повеќе од 4 милиони прегледувања.