Опасен настап на брачен пар ги стресе публиката и судиите на „America’s Got Talent“.
На аудициите, Мари и Тајс изведуваа вешти трикови висејќи на трапез, а нивниот настап вклучуваше и оган.
Сè минуваше успешно, сè до изведувањето на последниот трик. Тогаш Тајс со врани очи требаше да ја фати својата сопруга, но не успеа. Таа му се лизна од раце и падна на сцената, а публиката остана без здив.
За среќа, Мери немаше повреди.
Парот има двегодишно синче кое го следеше настапот од публиката. Тие велат дека поради професијата постојано се на пат и мораат да бидат разделени од синчето најголем дел од времето. Нивниот сон е да бидат постојано во Лас Вегас со целото семејство.