Децата растат многу брзо. Татко се погрижил растењето на неговата ќерка да биде овековечено на прекрасен начин.
Франс Хофмистер ја снима ќерката Лоти секоја недела по 15 секунди. И тоа го прави цели 16 години. Резултатот е прекрасно time-lapse видео кое ја покажува нејзината трансформација од новороденче во тинејџерка.
„Ќе посведочите на еден од најмистериозните и најнеразбирливи процеси на човечкиот живот – растењето – забрзано во 4 и пол минути“ – пишува Франс во описот на видеото „Портрет од Лоти“.
Вчера Лоти го прослави својот 16-ти роденден, а најверојатно најдраг подарок и беше оној од нејзиниот татко. Погледнете го: