Кога станува збор за хуморот, секој има различен вкус. Она што на некого му е супер смешно, на друг му е здодевно. Па, истражувачите од Google развиле алгоритам чија цел е да ги пронаоѓа најсмешните видеа на YouTube.
Земајќи ги во предвид коментарите, насловите и описот на видеата, Google усовршува алгоритам кој го користи за да избира видеа за интересниот двобој „Comedy Slam“, во рамките на кој гледачи гласаат кое видео е посмешно.
Повеќе од 850.000 посетители го дале својот глас и еве кои се најсмешните видеа засега: