Стојанчо Бучков продолжува да ги одушевува жирито и публиката на бугарскиот „X Factor“.
22-годишниот гевгеличанец со изведба на евергринот „Unchained Melody“ се бореше за едно од шесте столчиња во музичкиот натпревар.
Со својот глас, Бучков успеа да си обезбеди место и влезе во последната фаза пред големите концерти.
И кумановецот Марио Арангеловски продолжи понатаму. Двајцата Македонци се меѓу најдобри 24 натпреварувачи за оваа сезона од шоуто за таленти.