Кошаркарски ентузијасти на натпревар во Лос Анџелес останаа шокирани кога предлог за брак доби неочекуван и непосакуван крај. Додека камерата покажуваше парови на трибините кои требаше да се бакнат, еден маж стана и со прстен во раката ја побара својата девојка за жена.
Но, наместо среќно „Да“, по неговото прашање „Дали ќе се омажиш за мене?“ следуваше непријатна тишина. На крајот девојката стана и си замина, оставајќи го со наведната глава пред погледите на 10.000 спортски навивачи.
„Некои луѓе ме прашуваа дали предлогот за брак бил лажен. Само што прашав. Гласноговорникот на UCLA рече дека не е“ – изјавил спортскиот новинар Бекстер Холмс.