Кога одите на фризер, очекувате во огледалото да видите само пријатно изненадување, но најмалку што очекувате е да видите дух.
Тоа им се случи на неколку клиентки во фризерско студио, а нивните реакции беа снимени со камера. Крајот на видеото е најлошиот дел, кога девојката дух ќе излезе движејќи се како опседната.
Видеото најверојатно е маркетиншки потег за промовирање на хорор филмот „The Last Exorcism: Part II“. Реклама или не, стравот се чита на лицата на клиентките.