Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Најдобриот магичен нов производ за разубавување – Fotoshop

ВИДЕО: Најдобриот магичен нов производ за разубавување – Fotoshop

Имате желба да изгледате како холивудска ѕвезда? Денес и тоа е можно уште веднаш, благодарение на „изумот“ Fotoshop by Adobé.

Креативниот Џеси Ростен создаде пародија на купишта реклами за козметички производи, прикажувајќи го ултимативниот производ кој отстранува недостатоци по кожата, создава сјајна коса и обликува совршено тело – Fotoshop.

„Една бессона ноќ гледав ТВ и налетав на реклами за производи за убавина. Рекламата покажуваше портрети пред и потоа, кои според мене, изгледаа како иста фотографија само фотошопирана. Си се насмеав во себе. Потоа го направив ова видео“ – вели тој.

Џеси потенцирал дека рекламата не е вистинска, но истакнал дека денес не се реални ниту стандардите за убавина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19682 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.