Дарси Лин Фармер поседува неверојатен и невообичаен талент. 14-годишното девојче може да зборува и пее речиси без да ја отвора устата.
Талентираната вентрилоквистка ги одушеви жирито и публиката на „America’s Got Talent: The Champions“ со својот настап. Придружувана од нејзината кукла Петунија, таа ја испеа италијанската оперска арија „O Mio Babbino Caro“ и доби громогласен аплауз.
Погледнете видео:
Дарси победи во 12-тата сезона на американското шоу.