Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Момче од Авганистан, кое ја изгуби ногата во војната, танцува и се радува откако доби нова протетичка нога

ВИДЕО: Момче од Авганистан, кое ја изгуби ногата во војната, танцува и се радува откако доби нова протетичка нога

Видео од 5-годишно момче од Авганистан, кое танцува откако доби нова протетичка нога, ќе ви го згрее срцето.

Радоста во неговите очи и насмевката на неговото лице нема да ве остават рамнодушни.

Имено, Ахмад Раман бил повреден кога имал само 8 месеци откако во неговото село започнала борба помеѓу авганистанските воени сили и Талибанците. За време на борбата, Ахмад бил погоден од куршум во ногата, по што таа морало да му биде ампутирана. Неговата сестра Салима исто така била застрелана во нозете и бубрегот.

Раман ја добил својата прва протетичка нога кога имал една година. Сега, на 5-годишна возраст, тој се радува што може да оди и танцува со нова протетичка нога.

Видеото беше споделено за да се подигне свеста за страдањата на децата во долгогодишниот конфликт.

Ахмад Раман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.