Кога мајката на 8-годишниот Џамајран Бејкер започнала да му вика дека купил нешто без нејзина дозвола, тој не можел ни да претпостави дека тоа е дел од роденденско изненадување.
Во видеото, „строгата“ жена му дава на момчето плик на кој го пишува неговото име и започнува да го кара. Мајката е толку убедлива, што малото момче не ни помислува дека таа се шегува со него.
Погледнете го изразот на лицето на Џамајран кога ќе дознае дека мајка му му подарува iPod Touch за роденден.
Видеото досега има повеќе од 2 милиони прегледувања на YouTube.