Почетна » Забава » Видео » Видео кое ќе ја разнежни секоја мајка

Видео кое ќе ја разнежни секоја мајка

Мајчинството е најубавата, но и најтешката работа на светот. Секоја мајка максимално се труди да биде најдобра и да израсне здраво, воспитано и среќно дете. Но, многу често во главите на мајките се раѓаат грижи, стравови и сомнежи кои ги принудуваат да се самокритикуваат за одредени постапки.

Во видеото „Нова перспектива за мајките“ се повикани неколку мајки за да се опишат себеси во улогата на мајка. „Посакувам да бев посамоуверена како мајка“, „Не сум најтрпеливата личност на светот“, „Посакувам да знам како да се смирам себеси пред да им зборувам ним“, „Посакувам да сум подобра во тоа да си издвојувам време за да седнам и да го слушам повеќе своето дете“... тоа се одговорите на мајките.

Потоа на истите мајки им е дадена шанса да слушнат што нивните деца имаат да кажат за нив.

„Таа е уникатна. Затоа ја сакам толку многу“, „Убава е, забавна“, „Таа ме сака многу“, „Можете да речете дека таа е моето срце, затоа што таа ми е толку многу блиска“, „Мојата мајка е мој херој“, „Таа е најдобра“... се некои од одговорите кои им ги наполнија очите на мајките со солзи радосници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.